| Apr | MAY | Jun |
| 16 | ||
| 2012 | 2013 | 2014 |
COLLECTED BY
Collection: Wide Crawl started April 2013
Како и со секој комплексен концепт што се засновува на консензус, јазикот е поим тежок за дефиниција. Тој се состои од репрезентации и некој вид на граматика. Многу јазици користат гестови, звуци, слики, или зборови, и групи на симболи, со цел за комуницирање на концепти, идеи, значења, и мисли, иако проблемот на лигвистичката неодреденост често се јавува кога се прави обид за разликување меѓу овие аспекти.
Некои сметаат дека нашата реалност е создадена така како што е опишана од нашиот јазик. Алберт Ајнштајн дава пример за џебен часовник што лежи на маса. Ако човек никогаш не видел часовник и нема поим што тој претставува, како може да опише звукот „тик-так“? Нашиот јазик и лингвистика можат да го сменат видувањето за нашата реалност.
Јазикот често се дефинира како систем од знаци кои служат за комуникација. Роман Јакобсон, еден од највлијателните лингвисти на 20 век, врз основа на комуникациската шема која ја превзел од теоријата на комуникацијата, одредува шест јазични функции, и тоа така што на секој елемент од комуникацискиот процес да му одговара по една од тие функции. Иако по правило може да се одреди доминантната функција на една порака, сепак таа не е и единствената функција туку, напротив, доаѓа со уште други помалку или повеќе изразени функции. Јакобсон истакнува дека вербалната структура на една порака секогаш зависи од доминантната функција на пораката.
Во секој комуникациски настан, па така и во секоја говорна ситуација, 'испраќачот' (емитент, адресант) му праќа порака на примачот (рецепиент, адресат) во врска со одреден предмет (референт), кој Јакобсон го нарекува контекст. Пораката мора да биде испратена во код (шифра) кој е заеднички за примачот (кој ја енкодира пораката) и за испраќачот (кој пораката је декодира), во спротивно комуникацијата е невозможна, или пак се воведува посредник (на пр. преведувач).
Оваа функција е особено застапена во различните форми на пропаганден говор - во политичката и економската сфера, во ораторските текстови и слично. Поради тоа во таквите текстови оваа функција се искажува со второ лице еднина или множина, особено со второ лице кое има општо значење (на пример: Купувајте македонско! Гласајте за нас! Јавете се на тел. ... и сл.), а исто така и во реторичките обраќања.
Едно од типичните прашања е Како сте? Како си? на кое обично се дава предвидлив одговор (Добро, благодарам; Еве, не е лошо; Па туркаме некако и сл.). Секој опширен одговор, со детеалн опис на здравствената ситуација, не е очекуван со оглед на тоа дека во случајните средби ова прашање на бара давање на информации туку ја прикажува добронамерноста на говорникот.
На оваа јазична функција се темелат обредите, свеченостите, церемониите, семејните и љубовните разговори, накусо, сите ситуации во кои се повторуваат исти зборови, гестикулации. Според Роман Јакобсон, ваквиот вид комуникација е воедно и првата вербална комуникација која се јавува кај децата. Во драмските дијалози можат да се искористат фатички елементи за создавање различни едфекти, на пр. комични: „Е!“ - рече момчето. „Е!“ - рече таа - „Е па ете нѐ“ - рече тој. „Еве нѐ“ - рече таа - „А!“ „Па да“ - рече тој.[2]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Јазик“ |
|
||||||||||